Речиси 80 отсто од позитивните туристи на ковид-19 кои влегле во Грција се од Балканот

Заменик министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас вели дека грчките власти направиле 127.900 ковид-19 тестови од 1 јули, кога Грција ги отвори границите за туристи, забележувајќи 295 потврдени случаи меѓу патниците.

Според Хардалиас, 76,27 отсто или 225 од 295 позитивни резултати се потврдени кај патниците од балканските земји.

-78 случаи се потврдени од Србија, 63 од Бугарија, 61 од Романија, 23 од Албанија и 26 од САД, вели тој.

Од 1 до 19 јули во Грција влегле 900.000 луѓе, а во меѓувреме, за време на периодот од 15 до 19 јули 23.559 туристи од Велика Британија го посетиле нашиот јужен сосед.

Од избивањето на пандемијата, Грција пријави над 4.000 случаи, а регистрирани се и 195 смртни случаи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега