Речиси 17.000 новозаразени од почетокот на годината: Како се движеше кривата на регистрирани случаи по денови?

Од почетокот на годината до денеска регистрирани се вкупно 16.617 случаи на зараза со Ковид-19. Анализирајќи ги податоците кои ги испраќа Министерството за здравство, во вторникот е регистриран апсолутниот рекорд на новозаразени во Македонија од почетокот на пандемијата. Тогаш регистирани се вкупно 1964 новозаразени.

Новиот бран предизвикан од сојот Омикрон во Македонија почна да се чувствува на 4-ти јануари, кога за првпат бројот на новозаразени нагло се зголеми. Ако во претходните дневно имаше помеѓу 200 и 500 новозаразени, тогаш статистиката забележа 1.197 новозаразени.

 
14.01.2022 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега