Речиси 100 странски градежни работници работеле без документи

На градилиштето зад „Рамстор мол“ полицијата откри 97 странски градежни работници кои без документи таму работеле подолг период. Од МВР потврдија дека  полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи спровеле контрола на градежни објекти на фирма од Турција меѓу булеварот „Кирил и Методиј“ и улицата.„Јордан Мијалков“ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати 97 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени.

Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Исто така, соодветни пријави ќе бидат поднесени против фирмата и против 15 други фирми-подизведувачи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2021 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега