Ребалансот на буџетот пред пратениците

За власта развоен, за опозицијата популистички за купување гласови пред избори. Вака пратениците го оценија предлог ребалансот на буџетот во собранието. Опозицијата очекувано удри врз капиталните инвестиции кои се кратат за 50 милиони евра кои се кратат за да има раст на платите за 5% во администрацијата. Капиталните инвестиции кои првично беа проектирани на 420 милиони евра, се намалуваат за 50 милиони на 370 милиони евра. За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овој потег е показател на неефикасноста на институциите да ги спроведат клучните проекти. Министерката за финансии призна дека е неопходно подобро планирање на клучните проекти.

За опозицијата нема економска логика да се крати од клучните проекти за да има повеќе пари за пораст на платите во администрацијата и приватниот сектор, а продуктивноста на работниците да стагнира. Се критикуваше и проектот „Мој ДДВ“ и задолжувањето. Министерката за финансии објасни дека годинава за враќање достасуваат 553 милиони евра стари долгови. Новото задолжување ќе изнесувало 215 милиони евра, од кои 141 милион ќе се обезбеделе од задолжување дома, а 73 милиони во странство.

Со ребалансот се одвојуваат 6.5 милиони евра за субвенционирање на плати, 30 милиони евра за стекнување целосна државна сопственост на „Гама“, за колекторскиот систем на Охридското Езеро ќе има 3 милиони евра. Вкупните расходи ќе изнесуваат 3.7, а приходите 3.4 милијарди евра. Буџетскиот дефицит останува 288 милиони евра или 2.5% од БДП.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега