Реал Мадрид ја одбрани предноста од првиот меч против Ливерпул, Сити без проблеми против Дортмунд

По триумфот на „Алфредо ди Стефано“ минатата недела, Реал Мадрид одигра 0-0 на гостувањето кај Ливерпул кои беа доволни за пласман на кралевите меѓу четирите најдобри екипи за оваа сезона во ЛШ.

„Црвените“ имаа неколку убави шанси особено во првиот дел преку Милнер и Салах, но Тибо Куртоа беше одличен на голот на „кралевите“. Во полуфиналето Реал Мадрид ќе игра против уште еден англиски гигант Челси.

Манчестер Сити славеше и во реваншот против Борусија Дортмунд со идентични 2-1. Домаќините поведоа преку Билингем во 15. минута.

Сепак, натпреварот го реши големата грешка на Емре Џан кој непотребно играше со рака во својот шеснаесетник и му дозволи на Махрез од пенал да израмни на 1-1 во 55. минута.

До крајот Фоден во 75. ги постави конечните 1-2, а Манчестер Сити за противник во полуфиналето ќе го има Пари Сен Жермен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2021 - 23:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега