Разрешен директорот на НУБ „Свети Климент Охридски“-Скопје

Директорот на НУ Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“-Скопје, Фремзим Даути, е разрешен од должноста бидејќи не работел согласно закон и статут, соопшти попладнево Министерството за култура.

– По повеќемесечни инспекциски надзори спроведени од страна на Министерството за култура во 2021 година, утврдени се низа сериозни неправилности во работата на директорот од аспект на Законот за културата и Законот за библиотеките.

Врз основа на утврдената фактичка состојба констатирана при инспекциските надзори, министерката за култура Ирена Стефоска оцени дека се исполнети законските услови за разрешување од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“-Скопје пред истекот на мандатот, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

 

До изборот на нов директор, заради непречено функционирање на оваа установа, назначен е в.д. директор од редот на вработените.

30.07.2021 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега