Разорен земјотрес го погоди Нов Зеланд- издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7,3 степени го погоди Нов Зеланд, локалните медиуми објавија дека се очекува предупредување за цунами.

Според првите податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 238 километри од Гисборн во Нов Зеланд, на длабочина од 10 километри.

Можни се бранови од цунами на 300 км од епицентарот на земјотресот, соопшти Центарот за предупредување од пацифички цунами. Националната агенција за управување со вонредни состојби ги предупреди сите во близина на крајбрежјето веднаш да тргнат кон најблискиот рид или во внатрешноста на копното.

Засега нема извештаи за жртви или штети.

Makfaks

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега