Разбојништво: Скопјанец со пиштол принудувал лица да вадат пари од банкомат
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.С.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојништво во обид“.
На 16.08.2024, пријавениот со закана со пиштол принудил едно лице од банкомат да извади пари и да му ги даде.
Исто така, на 10.05.2024 на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, откако пријавениот проверил дека друго лице немало пари на банкарската картичка, со пиштол му упатил закани.
05.09.2024 - 16:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа