Разбиена голема група за шверц на мигранти од Струмица

Голема полициска акција се одвивала вчера на територијата на Струмица, дознава Курир.

Како што пишуваат од порталот полицијата разбила организирана група која долг период работела со шверц на мигранти.

Во моментот на акцијата лицата кои биле уапсени биле со возила марка „БМВ Х5“, „Крајслер“ и „Пежо 207“. Кај нив биле пројдени вкупно 9 мигранти кои нелегално сакале да ја преминат територијата на Република Македонија.

Во моментов уапсените лица се изведени пред судија на предходна поставка, а против нив е поднесена соодветна кривична пријава. За нив се бара притвор или мерки на претпазливост.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега