Разбиен криминален синџир во Бугарија: Уапсена група која фалсификувала пари и документи - имало и пасош на Силвестер Сталоне

Бугарските власти соопштија дека разбиле криминален синџир, кој печател фалсификувани пари и документи со висок квалитет.

Меѓу документите се наоѓал и лажен пасош со фотографија од глумецот Силвестер Сталоне, кој требало да ги воодушеви потенцијалните клиенти.

Обвинети се четворица бугарски државјани дека припаѓале на организирана криминална група, која изготвувала и продавала лажни бугарски документи, евра и американски долари.

Бугарските власти извршиле претрес на 30 локации во заедничка операција со Агенцијата на ЕУ за полициска соработка (Европол) и тајната служба на САД, наведуваат обвинители.

Шест лица се уапсени откако е пронајдена незаконска опрема за печатење на пари и изработка на документи, како и големо количество на лажни банкноти од 50 евра и 100 долари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2021 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега