Ратко Младиќ од притвор во Хаг итно префрлен во болница

Ратко Младиќ е пренесен од хашкиот притвор во болница поради влошена здравствена состојба, соопшти неговиот син Дарко Младиќ.

Тој наведува дека Ратко имал тегоби и дека вчера бил пренесен во болница.

„Тој комуницира. На мајка ми првично ѝ рекле дека не е ништо страшно, но дека ќе го задржат на прегледи. Сè уште немаме извештај што се случува“, рекол Дарко.

Младиќ со првостепена пресуда е осуден на доживотен затвор за геноцид во Сребреница, прогон на Босанци и Хрвати од БиХ, тероризирање на населението во Сараево и заложништво на припадници на УНПРОФОР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега