Расте цената на златото, се наближува до рекордната цена од 1.900 долари

Златото достигна 1.800 долари, што е највисоко ниво од 2011 година.

Ова се чудни времиња на Волстрит, одредени инвеститори се водени од оптимизам во поглед на потенцијалното економско опоравување па ги зголемуваат своите вложувања. Сепак, повеќето се и натаму нервозни поради растечката закана од втор бран коронавирус.

Тоа го докажува и цената на металот, а на златото се качи над 1.800 долари по унца и се движи кон рекордното ниво од 1.900 долари.

Златото во 2020 година порасна за речиси 19 проценти. Аналитичарите велат дека ова е интресен тренд. Скокот на цената на златото имаше повеќе смисла претходно овааа година, како стока која секогаш добро оди во период на финансиски стрес, кога стравот доминира на берзите.

По падот на банката Лиман брадрс 2008 година, златото зајакна додека пазарот тоа го дочека дури на почетокот на 2009 година.

А рекордната цена, таа од 2011 година, забележана е по намалувањето на рејтингот на САД.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега