Расте бројот на новозаразени и во регионот - бројките не можат ниту да се споредат со оние од април

Расте бројот на заразени и во регионот. Бројките не се ни споредуваат со оние од април кога во сила беа големи рестрикции.

Словенија, која на почетокот лесно се справуваше со пандемијата денеска има рекордни 365 нови случаи. Тамошните власти велат дека ситуацијата е многу сериозна, а во најава се и заострување на мерките за превенција од Ковид-19.

Втор најлош ден според здравствената статистика и во Хрватска. Денеска се бележат 363 новозаразени и петмина починати. Она што е страшно е што заразата се шири меѓу здравствените работници, но и меѓу негователките во градинките.

Зголемување на бројот се бележи и во Босна и Херцеговина, каде во денешната статистика впишани се нови 360 заразени.

Црна Гора, пак, регистрираше 211 новозаразени.

Ситуацијата навидум е најдобра во соседна Србија, каде се бележи само благ раст од 121 нови случаи.

Рекорд бележи и Албанија. Но албанските власти велат дека мерките не се почитуваат во училиштата. Таму во просек отсуствуваат по 80 наставници и 40 ученици.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега