Расте бројот на новозаразени: Денеска регистрирани дури 47 нови случаи- најмногу од нив се од Скопје

 
Министерството за здраство информира дека во последните 24 часа се направени 3.593 тестирања, а регистрирани се 47 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 19
• Тетово – 11
• Куманово – 6
• Битола – 3
• Прилеп, Струмица и Валандово – по 2
• Велес и Гостивар по - 1.
Не се регистрирани починати пациенти.
Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од:
• Скопје – 7
• Тетово – 5
• Прилеп и Струмица – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 963.049 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.171 бројката на оздравени пациенти е 150.321, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 359
28.07.2021 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега