Расте бројката на загинати: Најмалку 162 лица го загубија животот во земјотрес во Индонезија

Најмалку 162 лица загинаа во катастрофалниот земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди Западна Јава во Индонезија, соопшти гувернерот на провинцијата Ридван Камил.

Тој прецизираше дека стотици се повредени, а над 13.400 лица биле принудени да ги напуштат своите домови, пренесува Скај Њуз.

Херман Сухерман, официјален претставник од Цианџур, за ТВ Компас изјави дека напорите за евакуација се отежнати поради лизгањето на земјиштето на некои места.

21.11.2022 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега