Раст за повеќе од 50 отсто од лани: Компанијата „Амазон“ вработила 427.300 луѓе за 10 месеци

Американската онлајн продавница Амазон вработила речиси 430.000 лица во изминатите десет месеци, откако САД во март се соочија со последиците од светската пандемија на коронавирус, јави денеска „Њујорк тајмс“. Вкупниот број на вработени во оваа компанија сега е 1.2 милиони. 

Стотиците илјади на нови вработувања во Амазон се разултат на пандемијата, поради што луѓето во САД, и во многу други западни земји, сега претежно купуваат онлајн, а оваа компанија е број еден онлајн продавница во светот. 

Нови вработувања во изминатите десет месеци има во седиштето на компанија во Сиетл, во илјадниците складишта на Амазаон кои никнаа во руралните и во урбаните средини на САД, но и во земјите како Индија и Италија. Бројката од 427.300 нововработени бил постигнат од јануари до октомври оваа година (1.400 нови вработувања дневно), со што вкупниот број во моментот е 1,2 милиона или повеќе од 50 отсто споредено со лани.  

Најмногу од овие работни места се во складиштата и магацините, но Амазон најмува и софтвер инженери и специјалисти за хардвер, за зацврстување на своите бази на податоци во таканаречената „облачна компјутеризација”, за своите стриминг програми и уреди, кои се во огромен подем за време на пандемијата, поради затворените кино-сали, забраната од групирања и препореките да се остане дома.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа