Расмусен: НАТО да вложува во себе зашто ќе ја загуби моќта

НАТО се соочува да ја загуби воената моќ и политичката доверба во себе доколку не вложи доволно средства во своите капацитети, смета генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен. 

Изјавата Расмусен ја даде на отворањето на дводневната средба на министрите за одбрана на Алијансата во Брисел.

Расмусен смета дека заканите по меѓународната безбедност постојано се зголемуваат, поради развојот на оружје за масовно уништување, како и поради кибер нападите.

- Треба да располагаме со неопходните средства, за пополнување на празнините на нашите капацитети, нагласи генералниот секретар на НАТО.

Разговори на состанокот на министрите ќе влијае на начинот на кој овие пропусти ќе бидат надминати. Тој повторно нагласи дека намалувањето на буџетските трошоци поради кризата не треба да влијае на безбедносниот сектор.  

Генералниот секретар на НАТО ги повика министрите да донесат одлуки за инвестирање во одбранбените капацитети за периодот по завршување на кризата, кои ќе бидат планирани отсега. Според него на средбата ќе биде разгледана и темата за поправилна распределба на финансискиот товар во обезбедување на моќта на НАТО.

најчитано сега