Раскажа сѐ: Има 28 години, а спиела со 130 мажи

Френки Консидин (28) боледувала од депресија, различни сексуално преносливи болести, а останала и бремена, без да знае кој е таткото на нејзиното дете.

Френки често изостанувала од работа под изговор дека е болна, а сѐ поради сексот. Спиела со повеќе од 130 мажи, а тогаш дознала дека има дијагноза – зависност од секс.

Додека не дознала дека нејзината состојба е реална, мислела дека потребата за секс е поради траума предизвикана од раниот развод на родителите или ниското ниво на самодоверба поради својот изглед.

Се почнало кога имала 13 години кога нејзините родители се разеле. Таа почнала на интернет да бара луѓе со кои би можела да разговара. На 14 ја изгубила невиноста и влегла во првата долга врска, но вели дека не можела да биде верна.

Неколку години подоцна, кога мајка ѝ починала тоа ескалирало. Изостанувала од факултет и во наредните три години спиела со 80 мажи. Вели дека со тие односи се борела против болката од загубата на мајка ѝ. Во еден период од животот спиела со четворица мажи дневно, но ниту тоа не и било доволно.

-Еден викенд во 2012. година отидов во Брајтон на роденден. Се запознав со еден дечко, дојде во мојата хотелска соба и имавме секс. Утредента бев кај механичарот да ми го прегледа автомобилот. Спиев со него и неговиот пријател, а покасно вечерта спиев со друг дечко, раскажува Френки.

Не користела заштита па боледувала и од хламидија и од ХПВ. Забременила на 22 години. Не знаела кој е таткото па одлучила да абортира. Вели дека тој момент ја скршил.

Истата година запознала маж преку социјалната мреќа Тиндер со кој почнала врска и во 2018 година со него добила ќерка. Врската за брзо време пукнала, но Френки потоа одлучила да оди на психолот. Тогаш и било дијагностицирана зависност од секс.

-Олеснувањето кое го почувствував во тој момент беше неверојатно. Сфатив дека тоа не е моја вина. Сфатив дека има уште луѓе како мене и кои се плашат да говорат за тоа, вели Френки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2020 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега