Рашковски негира дека побарал од Судот да му биде вратен пасошот

Откако голем број медиуми објавија дека поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, побарал да му биде вратен пасошот, што му беше одземен како мерка за да се спречи тој да замине од државата, со реакција се во јавноста се огласи и самиот Рашковски.

Тој негира дека побарал враќање на пасошот и вели дека станува збор за лажни вести со цел да се „фрли прашина врз судскиот процес кој е во тек“.

-Со оглед на фактот дека се шири лажна вест за наводно барање да биде вратена мојата патна исправа, која ниту еден медиум не ја поткрепува со факт, туку е проста репродукција на неименуван извор, сметам дека е за потребно да реагирам на ваквите објави, затоа што истите имаат само една единствена цел – да се фрли прашина врз судскиот процес кој е во тек. Медиумите секогаш биле добро примани од моја страна како соговорници, затоа би било професионално при било каква објава поврзана со мене да побараат и потврда за планираната објава од моја страна.  Голем дел од јавното мислење околу процесот кој е во судска тек е под постојана контаминација од лажни вести, со цел да се креира некаква погрешна слика, Ве замолувам за објективно и проверено известување, доколку сметате дека постојат елементи кои се од јавен интерес, се наведува во реакцијата на Рашковски.

 

 

15.06.2022 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега