Расчистено убиството во Скопје - Приведен маж од Арачиново

Секторот за внатрешни работи Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје го предаде 28-годишниот Б.Р. од Арачиново, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „убиство“, предвидено и казниво по чл.123 од КЗ на РСМ, кое го извршил на 18.08. годинава 17.20 часот, на улицата „21“ бр.152 во селото Мојанци, кога поради меѓуфамилијарно нетрпение, со употреба на огнено оружје му нанел тешка телесна повреда на 30-годишниот З.А. од Арачиново, кој на 09.09.2019 во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“ – Скопје, починал како последица на нанесената повреда.

На 18.08.2019 околу 16:00 часот во Мојанци, А. А. брат на починатиот З.А. по кратка вербална расправија околу напасувањето на добитокот, физички го нападнал А.З., татко на пријавениот и му нанел тешка телесна повреда. Подоцна, околу 17.20 часот, на улиа „21“ бр.152 с.Мојанци, Б.Р. кон З.А. испукал неколку куршуми од огнено оружје.

По преземени мерки, Б.Р. е приведен и предаден на ОЈО Скопје, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2019 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега