Расчистени шест кривични дела, приведена скопјанка која крадела во Гази Баба
Полициски службеници од ЕВР – Гази Баба ја лишија од слобода Б.А. (35) од Скопје за сторени повеќе кривични дела „измама“, „дрска кражба“ и „кражба“ на подрачјето на Гази Баба.
Министерството за внатрешни работи информира дека по судска наредба е извршен претрес во домот на Б.А., при што е пронајдена облеката што ја носела за време на извршување на кривичните дела.
Од МВР додаваат дека во присуство на јавен обвинител извршено е препознавање од оштетените и расчистени се шест кривични дела – три измами, една тешка кражба на дрзок начин и две кражби.
По целосно документирање на случаите, против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа