Расчистени осум кражби на добиток и маркети во Гостивар, меѓу осомничените има и дете

Полицијата расчисти осум кражби и тешки кражби и до гостиварското Обвинителство поднесе кривични пријави против : Е.А.(26), И Ф.(30) и малолетник, сите од гостиварски Добридол и против Л.С.(40) и С.И.(36) од гостиварско Форино.

„Првите тројца пријавени од Добридол се сомничат дека во текот на овој месец во неколку наврати противправно одзеле добиток од штала во гостиварско Сенокосе и го продале на други лица, а двајцата форинци дека во март годинава извршиле тешки кражби во маркети во Гостивар“, информираа од полицијата.

Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале петмината осомничени се проценува на 244 илјади денари.

17.06.2022 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега