Расчистени осум кражби, крадци од Гостивар добија кривични пријави

Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар расчисти осум кражби и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави против Е.А.(26), И Ф.(30) и малолетник, сите од Добридол, и против Л.С.(40) и С.И.(36) од гостиварско Форино.

Како што информираат од МВР, првите тројца пријавени од Добридол се сомничат дека во текот на овој месец во неколку наврати противправно одзеле добиток од штала во гостиварско Сенокосе и го продале на други лица, а двајцата форинци дека во март годинава извршиле тешки кражби во маркети во Гостивар.

Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале петмината осомничени се проценува на 244 илјади денари.

17.06.2022 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега