Раперката ја покажа освежената тетоважа на задникот: „Со часови трпев болки“
Раперката Карди Би се пофали дека ја освежила тетоважата која зазема голем дел од нејзиното тело, вклучувајќи го колкот, бутот и задникот.
Раперката ја повторила својата тетоважа со паун, десет години откако првпат ја истетовирала.
Боите избледела после една деценија, а во скицата додала и цвеќе и голема пеперутка.
„После десет години одлучив мојот паун повторно да доживее транформација“, рекла Карди, покажувајќи фотографии од пред и по третманот на својата импозантна тетоважа.
„Со часови трпев болка овие денови поради неа“, рекла таа, заблагодарувајќи му се на tattoo мајсторот кој ја украсил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа