Ранѓеловиќ: Создавање на политичка криза може да биде алиби за Софија да го рационализира ветото

Магистерот по компаративна политика и демократија од Универзитетскиот колеџ во Лондон, Иво Ранѓеловиќ гостуваше во „360 степени“ на „ТВ Алсат“.

Ранѓеловиќ вели дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори е легитимно, но стратешки погрешно и смета дека опозицијата треба да почека до јуни.

„Стратешки е подобро ВМРО-ДПМНЕ да почека до јуни и да види што ќе се случува со ветото, по што може да тргне во офанзива. Не треба да се заложи надворешната политика преку националниот интерес за ваш релативен успех или неуспех во локална политика“, кажа Ранѓеловиќ.

Ранѓеловиќ вели дека создавање на политичка криза во Македонија би можело да биде алиби за Софија да го рационализира ветото.

13.05.2022 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега