Рангелова: Сакам да изразам жалење што колегите од ВМРО-ДПМНЕ денеска учествуваат во самоуништување

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова смета дека пратениците кои се опфатени во случаите кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство не требало да учествуваат во разговорите за Законот за Јавно обвинителство.

„Неспорно е дека ние кои сме опфатени во случаите од СЈО имаме пресумпција на невиност, но сметам дека не треба да дебатираме за тоа. Имам свое мислење, ќе го кажам кога ќе дојде време за гласање. Сепак, сакам да изразам жалење што колегите од ВМРО-ДПМНЕ, и независните и оние кои се во пратеничката група денеска учествуваат во самоуништување“, рече Рангелова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега