Ранец со дрога оставен на дрво во тетовско

 

Во ранец била пронајдена дрога во тетовско.

Според полицијата, дрогата била пронајдена вчера околу 17.30 часот на локалниот пат што ги поврзува селата Чифлик и Ларце во месноста Воденица.

Полициски службеници пронашле ранец во кој имало четири до пет килограми марихуана. Ранецот бил оставен на гранка од дрво, а марихуаната била спакувана во најлонски кеси.

 

 

 

18.10.2018 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега