Рамуш Харадинај ја претепал сопругата

Косовскиот екс премиер Рамуш Харадинај ја претепал сопругата.

Aнита Муцај Харадинај, новинар на РТК и сопруга на Рамуш Харадинај, синоќа e примена во Ургентниот центар во Приштина откако ja претепал нејзиниот сопруг, Рамуш Харадинај, пренесуваат албанските медиуми.

Рамуш и Анита се во брак 17 години. Пред тоа, тој беше оженет со Швеѓанка со која има син од првиот брак. Тој има три деца, два сина и ќерка со новинарката Анита.

Таа преку објава на Фејсбук потоа негираше сè и објасни дека тие се среќни заедно веќе 17 години.

„Веќе 20 години работам и сум дел од медиумите во Косово и денес изразувам жалење за медиумското ниво и тенденцијата да се произведуваат банални вести, банални наслови и озборувања за два клика повеќе или помалку, многу пати сум била дел од ваквите вести и сфатив дека игнорирањето би било вистинска форма за одговор на шпекулациите, но ова синоќешното беше невозможно да се игнорира затоа што сум нечија мајка, сестра, пријателка, пријателка и нормално дека тоа вознемирило некого некаде! Затоа е срамно да се произведуваат толку ниски вести! „Јас сум многу добро и веќе 17 години сом многу добро со Рамуш “, пишува таа.

Анита Харадинај, е презентерка на вести во Косовска национална телевизија, а неодамна присуствуваше на Самитот на жените во Лондон, каде е избрана за една од најмоќните жени во светот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега