Рама за енергетската криза: Тоа што е вишок за Србија може да се префрли на Албанија и Македонија и обратно

 

Албанскиот премиер Еди Рама на Самитот „Отворен Балкан“ во Белград рече дека Србија, Албанија и Северна Македонија се’ повеќе се вклучени во извлекувањето максимум од оваа иницијатива и ги покани и другите земји да се приклучат.

„Сериозно ќе размислиме да поканиме и други партнери и земји од ЕУ, никој не треба да ни љубомори. Tука се Унгарците и Турците, а ги поканивме и Грците и Италијанците. Важно е дека амбасадорот на САД е тука и ќе биде на секој самит, а тоа значи дека сме сигурни дека нема да има недоразбирања“, рече Рама.

Тој додаде дека е важно тоа што иницијативата „Отворен Балкан“ не ги обединува само земјите од регионот, туку и другите од окружувањето.

Рече дека „се’ повеќе земји сакаат да бидат на конференцијата „Отворен Балкан“, и тоа од оние области каде што долго време чекале покани.

„За мене ова е потврда дека Балканот е важен за Европа колку што е Европа за Балканот“, рече Рама.

„Многу сум горд што можам да кажам дека резолуцијата поврзана со документите за идентификација е многу важен чекор за Отворениот Балкан. Јавно ги испраќам моите поздрави и почит до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој помогна во овие напори. Испративме порака на сите дека првиот избор на сите нас е мирот, да работиме за нашите народи“, рече Рама.

Доколку земјите од „Отворениот Балкан“, како што рече, беа на пат на постојан конфликт, немаше да можат да ги одмрзнат одлуките за забрана на извозот на жито и да потпишат договори меѓу српските производители и албанските увозници, како и договорот за безбедноста на прехранбените производи.

„Во време кога буџетот се одлива поради енергетската ситуација, повторно ги обединивме силите, така што тоа што го има Србија вишок може да се префрли на Албанија и Северна Македонија и обратно“, рече премиерот на Албанија.

Тој рече дека Србија „произведува струја во термоцентралите, а Албанија во хидроцентралите“ и дека може да помогне.

Додаде дека може да се искористат извонредните искуства за привлекување странски инвестиции во Србија, а и Северна Македонија има добри искуства и дека на инвеститорите може да им се понуди просторот на Балканот.

Тој посочи дека никој не можел да замисли дека ќе се создадат „нови оперативни капацитети за вонредни ситуации“.

02.09.2022 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега