Рама: Србија не само што треба да го признае Косово, туку треба и да му се извини

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека апсолутно се согласува со премиерот на Косово, Албин Курти, Србија не само да го признае Косово туку и да му се извини.

Сепак, според пишувањето на медиумите во Приштина, Курти и тој не се согласуваат кога тоа треба да се случи.

„Мислам дека признавањето и барањето прошка е крај на процесот. Процесот не почнува со признавање и барање прошка“, рече Рама во Њујорк, каде што учествува на заседанието на Генералното собрание на ОН.

Рама изјавил во САД дека неговите односи со Курти се фантастични.

„Навистина имаме многу слатка, многу пријателска комуникација, што значи дека зборуваме многу за разни теми, се соочуваме со мислења поврзани со разни политички филозофии“, рече албанскиот премиер.

„Не се согласуваме за пристапот до Србија, за признавањето и барањето прошка, не се согласуваме за `Отворен Балкан`, но тоа не нè спречува да се договориме за многу други работи“, рече Рама.

23.09.2022 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега