Рама: Сакам да ја отстранам границата и со Србија

Албанскиот премиер Еди Рама истакна дека тој е „многу јасен и дека регионалниот Шенген поставува четири услови за Европската унија“, и дека првиот е слобода на движење.

„Ние сакаме да ја отстраниме границата и со Србија, а ова не им се допаѓа на албанските екстремисти. Нивната цел денес е да бидат заложници на канџите на минатото“, рече Рама.

Реагирајќи на изјавата на министерот за одбрана, Александар Вулин, за Голема Албанија, Рама рече дека постои едноставна вистина што не може да се смени – дека српската армија го нападнала Косово, а не обратно, го цитира Косово онлајн приштинскиот портал „Репортери“.

Тој додаде дека ослободителите очигледно биле на Косово, додека, како што тврди, криминалците сè уште се во Србија.

„Тие не можат да променат едноставен факт, Косово не ја нападна Србија. Косовските тенкови не го трасираа патот за трупите за етничко чистење. Тоа беа војниците на Слободан Милошевиќ. Редовна војска што се користи за силување и етничко чистење. Ослободителите се на Косово, извршителите на таа војна се долу, а некои се и над, а други се во Белград“, рече Рама.

Рама исто така вели дека „добра работа е што албанските екстремисти во Приштина го обвинуваат дека работи за голема Југославија, додека оние во Србија дека работи за голема Албанија“.

Албанскиот премиер вели и дека „бил згрозен вчера кога сфатил дека изјавата на министерот за одбрана, Александар Вулин не е „меме“ и дека не постои можност изјавата на член на владата во 2020 година да биде толку мрачна.

„Сфатив дека сепак дека не е меме“, рече Рама и додаде дека претседателот на Србија треба да даде појаснувања за ова прашање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2020 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега