Рама: Попишете се, од тоа зависи уставната моќ на Албанците во Македонија (ВИДЕО)

Албанскиот премиер Еди Рама објави видеопорака на „Фејсбук“ во која ги повикува Албанците да учествуваат во пописот во Македонија.

Рама истакна дека само пет минути се доволни за регистрација, а со тоа се чини многу, бидејќи уставната моќ на Албанците во Македонија ќе се процени врз основа на попишаниот број.

„Браќа и сестри Албанци, денес треба да бидете горди на тоа колку напредувавте во своите права во пријателска земја. Доволно е да погледнете наназад само неколку години и да видите какви чекори презедовме за афирмација на правата во таа република. Никој од вас, без разлика каде се наоѓа не треба да се откаже, не треба да биде отсутен. Знаете подобро од кој било дека уставната моќ и одлучувањето на таа земја зависи од бројот на албански граѓани во Македонија. Вие не треба да земете пушка и да се качите на планина или да земете лопата, туку да потрошите само пет минути“, порача Рама.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2021 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега