Рама: Не сакам граници со Косово, Црна Гора, Македонија и Србија

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за српската телевизија Пинк изјави дека сака регион без граници.

„Не сакам граници со Косово, Црна Гора, Македонија, Србија. Би требало да работиме на тоа за да овозможиме тоа да се случи“, рече тој.

Според него, Албанците во Албанија и во Косово се браќа што живеат во две држави и треба да се обединат на патот кон Европска унија, но на тоа не гледа како на создавање на „Голема Албанија“.

„’Голема Албанија’ е поим што е создаден, промовиран, коментиран и користен против Албанците од страна на оние кои стојат на другата страна на воените ровови во текот на историјата. Нема ‘Голема Албанија’ во никаков албански романтизам, дури ни во ренесансата, ни пред, ни потоа. Постои јасна претстава дека ние сме браќа кои денес живеат во две различни држави и оти треба да се обединиме. Јас на тоа обединување гледав како на дел од нашиот пат кон ЕУ и ако постои нешто што е големо, тоа е голема ЕУ“, објасни Рама.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега