Рама на предизборен митинг: Најнови вести, направив ботокс

Албанскиот премиер Еди Рама денеска објави како „најнова вест“ дека „направил ботокс“ на лицето, што иронично ги коментираше написите во медиумите за него.

Имено, натписите привлекуваат внимание на тоа како Рама е постојано насмеан.

Сепак, како што објасни, тој е насмеан затоа што процесот на вакцинација се одвива добро.

„ И еве ги најновите новости, направив ботокс“ рече Рама.

Според „Политико“, Рама го објаснил ова на предизборниот митинг со следниве зборови: „(Медиуми) Тие не фрлаат моливи без да додаваат брчки на картата на Албанија за да го изгребат лицето на оваа земја. И моето лице сјае заради сонце што повторно почна да светнува над Албанија“ објаснувајќи дека тој мислел на процесот на вакцинација.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2021 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега