Рама: Ми се јавуваат премиери од ЕУ и бараат да влезат во Отворен Балкан

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Белград на отворањето на лидерскиот самит „Отворен Балкан“ изјави дека лидерите на земјите членки сериозно ќе размислат да поканат на регионалната иницијатива и други важни земји, но и од ЕУ, важни за тој регион, како на пример Грција, Италија, Турција и Унгарија.

-Иницијативата на ОБ повеќе нема потреба да бара оправдување за своето постоење, ниту треба повеќе да објаснуваме, таа сега зборува сама за себе и ќе разберат оние кои имаат визија за иднината и сакаат да нè видат и слушнат, рече Рама.

Тој кажа дека на оваа средба биле поканети претставници на Италија и Грција, но дека биле спречени да присуствуваат и најави дека секако ќе бидат поканети на следниот самит во Тирана, додавајќи дека тие не присуствуваат од објективни причини и дека се извиниле што не можеле да дојдат.

-Ми се јави еден премиер од европска земја и ме праша зошто не нè поканивте, а јас реков дека ќе разговарам со моите колеги за тоа и дека најверојатно ќе ве поканат, како и дека ми е многу драго што има интерес за иницијативата на ОБ, рече Рама.

Тој посочи дека членките на ОБ сакаат да извлечат максимум од оваа иницијатива и затоа ги повикуваат и другите земји да се приклучат.

-Сериозно ќе размислиме за испраќање покани до други партнери и земји од ЕУ и никој не треба да ни љубомори, рече Рама, додавајќи дека на самитот во Белград денеска присуствуваат и министрите за надворешни работи на Турција и на земја од ЕУ – Унгарија како и дека тука е и американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил кој ќе биде присутен на секој самит, додаде Рама.

 

02.09.2022 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа