Рама до Заев: Се надевам нема да бараат да се наречете Западна Бугарија, тогаш пак ќе треба да преговарате со Грците

Ние повторно ќе треба да чекаме. Но, за мене ова не е чекање, едноставно треба да продолжиме да го правиме истото, да одиме напред и не само да се потпираме на тоа што го кажува Брисел, меѓутоа да се потпираме на самите себе, на нашата сопствена енергија да направиме максимум со цел да ги споиме мисиите во една мисија, народите во еден народ, земјите во една зона каде што нема да има ограничувања на соработката, изјави премиерот на Албанија Еди Рама на панел на Првиот Економски форум во Скопје на кој учествува и премиерот Зоран Заев коментирајќи го неупсхехот вчера на ЕУ да испорача почеток на преговори за Скопје и Тирана.

Тој ја нагласи важноста од регионалната соработка за напредок на регионот.

– Ние сме премали за да живееме изолирани едни од други, премали за да ја бараме иднината за нашите деца сами, но ние тоа можеме да го направиме заедно. Нашите простори кои се ограничени со граници не се доволно привлечни за да се направи трансформациски промена како економии, но нашата заедничка економија е привлечна и ние треба да ја направиме доволно привлечна за сите, да инвестираат да видат можност за економски развој за своите компании и за луѓето во овој регион – порача Рама.

Според него, по решавањето на спорот со Грција и потпишувањето на Преспанскиот договор, сите имаат право да се чувствуваат фрустрирано од блокадата која, овој пат, доаѓа од Бугарија.

– Сите имаат право да се чувствуваат целосно фрустрирани затоа што одеднаш сега се појавува Бугарија и бара нешто повеќе. Му реков на Зоран се надевам дека нема да бараат да се наречете Западна Бугарија затоа што тогаш ќе треба да се вратите пак кај Грците да преговарате, -рече на шега Рама.

23.06.2021 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега