Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати КСС Благоја Ралповски, доби столче во Управниот одбор на ПИОМ
Избран е за нов член на Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), пренесува „Фокус“.
Ралповски ќе седне во УО на Фондот како претставник на репрезентативен синдикат кој членува во Економско-социјалниот совет – телото во кое се одвива дијалогот меѓу Владата, синдикатите и работодавачите. Владата го назначила лидерот на КСС на позицијата на седницата на 3 февруари.
Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, претходно тврдеше дека Ралповски е награден со место во управен одбор поради тоа што не излегува на протестите, но Трендафилов рече дека се работи за Фондот за здравство.


