Рајот на земјата: Шест часа работа само четири дена во неделата

Новата премиерка на Финска, Сана Марин, воведува четитри работни дена во неделата и шестчасовно работно време.

- „Сметам дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своите семејства, со најблиските, да се посветат на своите хобија и други аспекти на животот, како што е културата. Ова би можело да биде следниот чекор во нашите работни животи“, рече таа, пренесува Дејли Меил.

Пред да стане премиерка, Марин беше министерка за сообраќај на Финска и се залагаше за скратување на работната недела.

Инаку, во моментот работното време изнесува осум часа на ден, пет дена неделно во Финска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.01.2020 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега