Рајчев прв човек на ОЈО Скопје - дел од обвинителствата и натаму без шеф

 

Советот на јавните обвинители на Република Македонија на денешната 44-та седница избра јавни обвинители на повеќе јавни обвинителства.

- За виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип избран е Тодор Витларов, за основен јавен обвинител на ОЈО Скопје - Сашо Рајчев, за основен јавен обвинител на ОЈО Куманово - Теута Бедиу Рамадани, за основен јавен обвинител на ОЈО Охрид - Зоран Митрески, за основен јавен обвинител на ОЈО Дебар - Неат Црој, за основен јавен обвинител на ОЈО Кичево - Манка Јаневска, за основен јавен обвинител на ОЈО Кочани - Борче Јанев, за основен јавен обвинител на ОЈО Гостивар - Башким Хисени и за основен јавен обвинител на ОЈО Ресен - Реџаил Шерифовски, се наведува во соопштението од Советот на јавните обвинители.

За вршител на должност јавен обвинител на ОЈО Велес е избрана Гордана Тодорова - јавен обвинител велешкото Обвинителство, за вршител на должност јавен обвинител на ОЈО Струга е избран Стојанчо Арнаудоски - јавен обвинител во ОЈО Охрид, а за вршител на должност јавен обвинител на ОЈО Битола е избрана Лиле Талевска - јавен обвинител во битолското Обвинителство.

- За јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, Вишото јавно обвинителство Гостивар, на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје и на Основното јавно обвинителство Кавадарци, на денешната седница не се изврши избор на јавни обвинители, и истиот ќе се изврши на една од наредните седници на Советот, се наведува во соопштението.

 

 

 

20.06.2018 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега