Рагуза 360: По настанот со дерматолозите немавме други настани, објектот комплетно се дезинфицира

 
По одржување на конференција во ресторан „Рагуза 360“ каде претседавач била докторката од Клиника за кожни болести која е заболена од короноа вирусот преку соопштение велат дека ресторанот е веќе дезинфициран, а после таа конференција немале други прослави или настани.
 
„Согласно денешните написи во медиумите за стручното предавање на дерматолозите одржан изминатата сабота, 07-ми март 2020, во нашиот ресторан „Рагуза 360“ би сакале да ја известиме јавноста дека нашите вработени не беа во директен контакт со заболената пациентка од корона вирус, која предаваше на настанот. 
 
По одржување на настанот до денеска немавме одржување на други настани или прослави.
 
Телефонски разговаравме со нашите вработени, како и тие кои што директно служеа во салата, засега немаат симптоми, но сепак одлучивме да се дома, да не доаѓаат на работа и да направат тест за вирусот.  
 
Сакаме да информираме дека по дознавање на веста, веднаш побаравме од Институт за јавно здравје темелно да извршат комплетна дезинфекција на објектот и сме во директна комуникација со Министерство за здравство“ велат од „Рагуза 360“.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.03.2020 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега