Радувај се Македонијо: Фудбалерите ќе играат на ЕП 2021

Македонската фудбалска репрезентација со 1:0 ја победи Грузија и го оствари најголемиот успех во историјата и за првпат ќе игра завршен турнир на Европско првенство. 

Горан Пандев, со неговиот гол во 56-та минута од мечот, после страшната акција со Елиф Елмас и Илија Несторовски, по што Грузијците беа нокаутирани и не се кренаа од негативата, па Македонија со тој еден момент стигна до толку посакуваната победа и радост.

Македонија имаше шанси и за 0:2 преку Елмас, но не ги искористи. На крајот одбраната ја заврши работата, и Македонија ја оствари најголемата победа во историјата на фудбалот.

Македонија на Европското првенство ќе игра во група со Австрија, Холандија и Украина. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега