Најсреќниот во водите во Дебар годинава беше малиот Дамјан Стефановски, ученик во петто одделение. Тој прв стигна до светиот крст што беше положен во базенот во дворот на црквата „Света Петка“, каде што е и седиштето на дебарската парохија.

Заедно со Дамјан, во осветената вода скокнаа и Теофан Ангеловски и Антониј Тодоровски, но среќата му се насмевна на најмладиот меѓу нив.

„Бог се јави! Многу сум радосен. Посакувам здравје и среќа за сите“, порача Дамјан со широка насмевка на лицето.

Малиот Дамјан беше соодветно даруван од годинашните кумови, Лилјана и Роберт Михајловски, како и од останатите верници. Традицијата продолжува и догодина, а кумството веќе го презеде семејството на Теофан Ангеловски.

Exit mobile version