Радикален Босанец осуден на шест години затвор: Убивајте ги Христијаните, макар и со нож!

Судот во Босна и Херцеговина денеска го прогласи виновен државјанинот на оваа земја, Јасмин Кесеровиќ и го осуди на шест години затворска казна.

Судот оцени дека радикализираниот Кесеровиќ бил член на група која војувала за Исламската држава и дека јавно поттикнувал на терористички делувања. Кесеровиќ во Сирија заминал на свои 19 години и стана познат по тоа што се појави во пропагандните видеа во кои повикува на убиство на Христијаните.

„Убивајте ги било како кога ќе бидете во можност, па макар и со нож. Не правите разлика помеѓу војници и цивили, како што ниту нивните авиони не прават разлика помеѓу цивилите и војниците на Исламската држава“, вели Кесеровиќ на снимката која босанското обвинителство ја искористи како доказ.

Одбраната бесрамно се обидувала да ја оспори автентичноста на снимката која стана еден од клучните докази, но судскиот совет сето тоа го отфрлил.

Кесеровиќ бил депортиран во Босна и Херцеговина заедно со уште неколкумина борци на Исламската држава во декември 2019-та година.

Според проценките на босанските безбедносни служби, од оваа земја во Ирак и Сирија заминале најмалку 180 мажи кои се бореле на страната на Исламската држава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега