Радев: Заев не се извини како што треба

Претседателот на Бугарија, Румен Радев вчера од Варна изјави дека тоа што го напишал македонскиот премиер Зоран Заев на Фејсбук не било извинување како што тврдат бугарските медиуми.

– Вие слушнавте да име извинување?. Јас не слушнав. Тоа на Фејсбук не е извинување. Заев посочи дека се работи за грешка, но не ги коригира мислите. Не може се да се сведе на политички пи-ар и долгорочно да не се размислува. Ја повикувам Владата на Бугарија да утврди дали е прекршена некоја одредба од Договорот за добрососедски односи со Македонија – рече Радев.

Заев во петокот на Фејсбук изрази жалење што неколку дена претходно изјави дека „Илинденското востание е македонско“, на што реагираше неговиот бугарски колега Бојко Борисов.

 

 

 

13.08.2018 - 07:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега