Радев: Време е да се излечиме од комплексите

Време е да се излечиме од комплексите за политичка пропаст, бидејќи покажавме дека можеме да постигнеме големи цели, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во својот говор во Пловдив по повод 136 години од обединувањето на кнежеството Бугарија и Источна Румелија.

 

– Успеавме во минатото, можеме и денес. Клучот е во духот на обединувањето, во чувството дека сме еден народ. Нашите разлики се дел од богатството и потенцијалот на нацијата, рече шефот на бугарската држава, јави БТА.

 

Стотици жители на Пловдив и гости на градот присуствуваа на свечената церемонија по повод 136 -годишнината од обединувањето. Тие се поклонија пред споменот на личностите што го изведоа овој историски настан, пред споменикот на  Обединувањето, на истоимениот плоштад.

– Во Пловдив, есента во 1885 година, Обединувањето ја реши засекогаш провокативната дилема” Румелијци или Бугари. Вештачката поделба што го загрозува националното единство ја избришаа самите луѓе. Секоја посета на нашиот град е средба со лекциите од обединувањето и интимните манифестации на бугарскиот дух, рече во поздравниот говор градоначалникот на градот Здравко Димитров. – Историјата не е само хроника на битки, триумфални поворки, великани и неуспеси, туку и дел од моралот на човештвото, истакна тој.

06.09.2021 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа