Радев: Приоритетна цел за Бугарија и Романија е шенген

 

Ние имаме заедничка одговорност за безбедноста во регионот. Приоритетна заедничка цел за нашите две земји е шенген и ја изјавуваме нашата подготвеност за прифаќање што е можно побргу. Ова го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, по средбата со својот романски колега Клаус Јоханис, кој на покана на шефот на бугарската држава престојува во посета на Бугарија.

„Ќе работиме консолидирано на отстранување на нашата бариера за шенген за наш побрз заеднички пристап“, рече Радев.

Според бугарскиот претседател, неправедната бариера што се поставува пред двете земји не треба да се користи за решавање внатрешни политички и други прашања од страна на некои земји членки на Европската Унија.

Најбрзото можно укинување на оваа бариера ќе даде дополнителен поттик за развојот на економиите на Бугарија и Романија и ќе ги исполни првичните очекувања на граѓаните на двете земји за еднакви права во ЕУ, рече претседателот.

Радев и Јоханис потпишаа политичка декларација за подигање на билатералната соработка на ниво на стратешко партнерство.

Оваа посета на претседателот на Романија е особена затоа што односите меѓу двете земји ги издигнува на ниво на стратешко партнерство, истакна Радев на заедничката прес-конференција со шефот на државата Романија.

15.03.2023 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа