Радев: Нѐ чекаат нови избори

Третиот мандат за формирање нова бугарска влада му беше вратен на претседателот Румен Радев. Го врати претседателката на БСП, Корнелија Нинова, јави дописникот на МИА од Софија. Претседателот Радев и честиташе на Нинова за нејзиниот одговорен пристап кон преговорите за формирање влада во рамките на третиот мандат.

 

„За жал, нe  чекаат нови избори и нови преговори. Верувам дека БСП повторно ќе биде активен учесник во нив и ви посакувам успех”.

 

Корнелија Нинова изјави дека вложиле напори и одговорност, но не нашле поддршка од Има ли таков народ, Демократска Бугарија и Исправи се БГ. Доаѓаме.

07.09.2021 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега