Радев: Ја поддржуваме европската интеграција на Северна Македонија

Претседателот на Бугарија Румен Радев имал видеоконференциски разговор со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли. Како што јави дописникот на МИА од Софија, разговорот бил инициран од претседателот на Европарламентот, Сасоли.

Двајцата соговорници се осврнале на мерките за справување со пандемијата на коронавирусот, како и за теми кои се на дневен ред на Европската Унија, со фокус на политиката на проширување.

Бугарскиот претседател истакнал дека неговата земја принципиелно и доследно ја поддржува европската интеграција на Република Македонија. Румен Радев посочил и дека Бугарија очекува одржливи резултати во процесот на градење добрососедски односи и во тој поглед е најважен директен и отворен дијалог меѓу двете најблиски земји на Балканот за да се постигне вистински напредок.

10.06.2021 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега