Радев: Бугарите никогаш не биле пообединети во желбата да ја повратат земјата од мафијата

Бугарскиот претседател Румен Радев вечерва им се придружи на демонстрантите, на 15-от ден од антивладините протести во Софија и другите градови низ земјата , соопшти БГНЕС.

 

-На 15-от ден од протестите благодарение на вас плоштадите се полни со надеж и непомирливост. Илјадници луѓе протестираат на улиците на сите поголеми градови во Бугарија и Европа. Транспарентите ви кажуваат многу вистини за кои медиумите молчеа, за кои властите остануваат глуви и одбиваат да ги слушнат. Протестите ги убедија сите Бугари дека не се сами и дека заедничката желба за слобода, закон и правда ги обединува сите генерации. Бугарија излезе од хипнозата на пропагандата и светот ја погледна Бугарија. Бугарите никогаш не биле пообединети во желбата да ја повратат земјата од мафијата. Плоштадот роди братство на чесни луѓе кои нема да бидат робови на лаги и закани и ќе отфрлат каква било несреќа и кои веруваат дека слободна Бугарија на достојни граѓани е нашата иднина, рече бугарскиот претседател пред насобраните.

Од протестот се бара оставка од целата влада и главниот обвинител. Владата повторно е глува и не ги слуша гласовите на луѓето и зборува за некои шминкања во кабинетот. Тие се надеваат дека летните одмори и заморот ќе ве поколебаат, но ако имаат храброст да се симнат меѓу вас и да ве погледнат во очи, ќе видат дека нема да го дозволите ова, додаде Радев.

Според него, протестите се почеток на крајот на злобниот модел што Бугарија ја закотви на дното на Европа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега