Радев: Бараме рамноправност на македонските Бугари заедно со другите народи, а не малцинство

 

„Навистина напредуваме, промената на Уставот за Р.С. Македонија е веќе прифатено да се случи и треба прво да се смени Уставот па дури потоа да почнат преговорите со ЕУ“. Ова е пораката на бугарскиот претседател – Румен Радев испратена од Латвија.

„Билатералните прашања треба да се покренат на ниво на ЕУ во преговарачката рамка. Ова не е само билатерален спор околу историјата, тоа се прашања кои се однесуваат на темелите на ЕУ и по многу состаноци и убедувања европските партнери конечно сфатија дека пристапот за решавање на овие прашања е во европските рамки. Рамноправност на македонските Бугари заедно со другите народи, а не малцинство, никогаш не сме зборувале за малцинство – вели Радев, пренесе агенцијата „БГНЕС“.

Бугарскиот претседател смета дека Владата и Народното собрание треба да решат дали билатералниот протокол со Скопје доволно го брани бугарскиот интерес. Вели дека сегашниот пристап кон прашањето води кон блокирање и неможност да се донесе одлука за Македонија.

„Едно е јасно, во моментов нема време да се укине ветото, нема шанси тоа да се случи сега“ дециден е Радев.

20.06.2022 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега